Вонредна временска прогноза: Попладне локална нестабилност

Во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, особено во планинските предели, информира УХМР.

Оттаму посочуваат дека и во вторник во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови.

Според УХМР, периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури ќе продолжи.

Уште потопло се очекува да биде од четврток, кога поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла и сува воздушна маса, времето ќе биде претежно сончево. Вдолж Поварадарието и во Пелагонија температурата ќе достигне до 40 степени, а не е исклучено во петок и сабота на места д до надмине и 40-иот степен, соопшти УХМР.