Македонија и граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста и корумпираноста на СДСМ и Зоран Заев. Земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
„СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството е во минус. Мерките се толку непопуларни и неприменливи што голем број на стопанственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата. Додека сите во регионот одвојуваат и до 40 пати повеќе од Македонија, за бизнисот и граѓаните, владата на СДСМ ја накачува акцизата за горивата. Наместо да дава СДСМ зема од граѓаните“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
И мерките во здравството не се ништо подобри, велат од оваа партија и посочуваат дека недостасуваат елементарни средства, не се почитуваат протоколите од најодговорните и се импровизира со мерките што резултира со континуирано зголемување на бројот на заболени и починати граѓани.
„Медицинските лица се оставени без соодветна заштитна опрема. Немаат визири, маски, скафандери, ниту ракавици. Затоа над 17 проценти од заразените се медицински лица“, констатираат од опозициската партија и порачуваат:
„Власта наместо да смислува нови начини како да им земе, нека почне да им дава на граѓаните и бизнисот. Уште денес“!