
Вооружен Бугарин се обидел да ја премине границата. Бугаринот е уапсен а оружјето му е одземено.
Вчера во 19,00 часот на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од Република Македонија, при вршење на профилирање, контрола на патна исправа и патничко моторно возило „Тојота“ РАВ-4 со бугарски национални ознаки, забележано е дека возачот на возилото К.Е.К.(1945) од Република Бугарија, на појасот носи огнено оружје.
По ова бил извршен претрес над Бугаринот и бил пронајден е 1 пиштол марка „ТТ“ кал.7,62мм со 5 рамки за истиот и 39 парчиња муниција, куршуми кал.7,62мм., а во возилото пронајдена е 1 ловна пушка марка „ИЖ“ кал.12 мм, 70 парчиња патрони за ловна пушка кал.12мм. и 56 парчиња муниција, куршуми кал.7,62мм.
Поради сомнение дека се работи сторено КД по чл.396 ст.1 и 3 од КЗ ,,Неовластено држење на огнено оружје и муниција“, лицето во 21,40 часот е лишено од слобода, наведените предмети, огнено оружје и муниција, се одземени со Потврда за привремено одземени предмети и во 23.30 часот се предадени на полицијата во Крива Паланка за понатамошна постапка.