Вооружен сторител во петокот утрото од банка во скопката населба Маџари однел сума од над пет илјади евра, информираше министерството за внатрешни работи.
Разбојништвото се случило вчера околу 9,20 часот во населбата Маџари. Од експозитура на Стопанска банка во скопско Маџари вчера непознат сторител со закана со пиштол одзел 4.500 евра и 196.000 денари.