Вооружено разбојништво на филијала на Стопанска банка се случило околу 14 часот, на улица Ѓорче Петров. Според првичните полициски информации, скопјанецот Александар М. (1972) влегол во банката маскиран и со пиштол и’ се заканил на вработената да му ги предаде сите пари.
Очевидци, пак, информираат дека кај последна автобуска станица број 8 во Влае, полициски возила го блокирале сообраќајот, а возило марка „цитроен“ е опколено со полициски ленти. Се претпоствува дека се работи за возилото со кое разбојникот ја ограбил банката. Напаѓачот во престрелка со полицијата е застрелан и е пренесен во Градската општа болница, каде што го обезбедуваат полициски службеници. Тој е вон животна опасност.
За тоа што всушност се случило од полицијата ќе информираат подоцна.