Двајца имигранти со државјанства на Алжир и на Сирија се уапсени во Сараево во текот на полициска рација во која е откриено дека поседувале и криеле големо голичество оружје, потврдија во понеделникот во соопштение од министерството за внатрешни работи на Сараевската жупанија.
Во полициското соопштени што го пренесуваат сараевските медиуми се истакнува дека имигрантите, чиј целосен идентитет не е обајвен, се приведени во неделата вечерта. Тие се обиделе да побегнат пред полицијаците кои дошле да ги легитимираат.
Полицијата, исто така, потврдува дека во текот на претресот на станот кој го користеле имигрантите, како и на околината, е пронајдено оружје. Станува збор за една пушка, четири пиштоли, придушувачи, како и стотици куршуми со различен калибар. Според медиумите, оружјето е пронајдено закопано во земја.
Двајцата имигранти кои потекнуваат од Сирија и од Алжир се на испитување, а во страгата е вклучена и Службата за работа со странци којашто делува при Министерството за безбеднсот на БиХ.