Полицијата вчера околу 16 часот добила пријава за пукање сретсело во селото Студеничани, во близина на зградата на локалната самоуправа.
По претходна вербална расправија, 28-годишниот А.Ш. од Студеничани, кој бил со автомобил „рено“, од возилото испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди“, во кое биле 21-годишниот А.Р. и шест години повозрасниот Б.А., и двајцата од .Студеничани, а непосредно до возилото стоеле и 44-годишниот И.И. и таткото на сторителот, 55-годишниот А.Ш., информира МВР.
Од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „суди“. Повредени лица во инцидентот нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.