Вооружен инцидент во Студеничани, локален жител пукал кон соселани

Полицијата вчера околу 16 часот добила пријава за пукање сретсело во селото  Студеничани, во близина на зградата на локалната самоуправа.

По претходна вербална расправија, 28-годишниот А.Ш. од Студеничани, кој бил со автомобил „рено“, од возилото испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди“, во кое биле 21-годишниот А.Р. и шест години повозрасниот Б.А., и двајцата од .Студеничани, а непосредно до возилото стоеле и 44-годишниот И.И. и таткото на сторителот, 55-годишниот А.Ш., информира МВР.

Од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „суди“. Повредени лица во инцидентот нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.