
Вооружен маж отворил оган во производствен погон во северниот дел од сојузната американска телевизија Мериленд убивајќи најмалку три лица и тешко ранувајќи четири други пред да биде уапсен по размена на оган со полицијата при што и самиот е ранет.
Напаѓачот, чиј идентитет засега полицијата не го открива, ранет е во четвртокот во размена на огнот со полицијата, извести портпаролката на шерифот на округот Вашингтон. Ранетиот осомничен и полицаец се префрлени во локалната болница и се згрижени.
Портпаролката рече дека немало „активна закана за заедницата“, но одбила да ги образложи околностите од инцидентот, последниот ви низата масовни пукања во САД.
Инцидентот се случил во 14,30 часот по локално време, 20,30 часот по македонско во четвртокот, во погони во местото Смитсбург во округот Вашингтон. Одговорајќи на повик полицијата ги нашла телата на тројцата загинати и на еден ранет во критична состојба.
Осомничениот се обидел да побегне со автомобил, но кога полицијата се обидела да го запре и легитимира започнала престрелка.
Смитсбург, каде според последните податоци од пописот во 2010 година, живеат околу 3.000 луѓе во рурална област на северозападниот дел на Мериленд, недалеку од претседателскиот комплекс Кемп Дејвид. Се наоѓа на 122 километри оддалеченост од Балтимор, најголемиот град во Мериленд, а приближно толку и од американската престолнина.
Канцеларијата на Федералното биро за истраги (FBI) и Бирото за алкохол, тутун, оружје и експлозив (ATF) објавија дека нивните агенти се испратени на терен.