Вооружена група уапсена на границата меѓу Белорусија и Украина

Белорските погранични единици уапсиле вооружена група „радикални“ лица во близина на украинската граница, изјавил во саботата портпаролот на белорускиот Државен граничен комитет, Антон Бичковски, за настан кој се случил на 28-ми октомври.

Како што прецизирал Бичковски за агенцијата РИА, во областа на Забозие во регионот Јелск кон Украина биле уапсени „четворица приврзаници на анархистичо движење“.

Кај уапсените биле откриени две парчиња огнено оружје со муниција за него, воена рачна граната, травматски пиштол, ладно оружје и спрејови со солзавец. Покрај тоа, групата била опремена и со шатори, ашови, секири, светла, ушни уреди за комуникација, лаптопи, GPS-навигатори, и СИМ-картички на украински оператор.

Покрај тоа, групата поседувала и друга специјална опрема и уреди, храна, банкарски картички и пари во разни валути, додал Бичковски.

Белорускиот државен телевизиски канал ОНТ го поврза ова апсење со неодамнешните инциденти со напади со молотови коктели на полициска станица и други административни објекти во земјата.

„Уаосените даваат изјави. Токму овие лица го извршиле нападот врз згрдата на сообраќајната полцииај во Мозир. Познато е и дека организирана група го извела нападот врз зградата на државниот комитет за судски вештачења во Солигорск, како и врз канцеларијата на окружниот обвинител. Целта била радикализирање и дестабилизација на ситуацијата во земјата“, беше наведено во прилогот на телевизијата.

Според телевизијата ОНТ, уапсените планирале да се повлечат од белоруската територија кон украинската граница. Претходно ноќта на 28-ми октомври била запалена станицата на сообраќајната полиција во Мозир, а инцидентот во кој немало повредени властите го квалификуваа како терористички напад. Претходно на 21-ви октомври неидентификувани напаѓачи запалите четири возила во близина на обвинителството на регионот Солигорск, а непосредно претходно бил предизвикан пожар во тамошниот оддел за судски вештачења.

Од 9-ти август во Белорусија се одржуваат најмасовните протести со кои се бара поништување на резултатите од претседателските избори на кои повторно надмоќно победи претседателот Алескандр Лукашенко кој е на власт веќе 26 години. Неговата главна кандидатка Светлана Тихановска замина во странство откако беше одбиена нејзината жалба за поништување на изборите. Во протестите кои се најмасовни во текот на викендите редовно се апсат стотици демонстранти, но за разлика од почетокот на протестите кога имаше и жртви и повредени во судири со полицијата, сега нема поголеми судири и приведените се ослободуваат следниот ден. Исто така, по инаугурацијата на Лукашенко на 23-ти септември се оддржуваат и контра-протести на неговите поддржувачи.

Белоруските безбедносни агенции во меѓувреме предупредуваат дека има обиди за радикализирање на протестите во Белорусија, кои се водат од соседните земји членки на западната алијанска.