Вооружена пресметка на гласачко место во Турција

Најмалку 15 лица се повредени во вооружена пресметка на гласачко место во турската провинција Санлиурфа. Претставниците на партиите се степале користејќи ножеви, палки и пиштоли, јавува Хуриет, пренесува Танјуг.

Во меѓувреме турскиот премиер Ахмет Давутоглу соопштил дека турските власти уапсиле едно лице осомничено за бомбашкиот наоад во кој пред два дена животот го загубија две лица на митингот на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), пренесува АФП.

Премиерот за ова говореше по гласањето на избирачкото место во неговата родна провинција Кони. Додал дека вчера навечер било уапсено едно лице осомничено за инцидентот, но дека неговото име нема да биде објавено се додека трае истрагата.

Во Турција утрово во осум часот по локално, а во седум по средноевропоско време биле отворени гласачаките места на кои граѓаните ќе гласаат на парламентарните избори.