Четиринаесет лица се рането во вторникот вечерта во Чикаго откако на пукање од напаѓачи од возило во движење отвориле оган добро вооружени лица кои учествувале на погреб, соопшти полицијата.
По жестоката пресметка на југот на Чикаго, едно лице е во притвор, соопшти портпаролот на полициајта Ерик Картер.
Возилото од кое е пукано врз погребната поворка по занесувањето на коловозот се удрило недалеку од местото на пресметката а напаѓачите побегнале.
Според очевидците, во пресметката е користено разно огнено оружје, а настраданите лежеле на улицата во близина на погребната канцеларија и многумина крвареле.
Полицијата објави дека ранетите се префрлени во пет блиски болници, повеќето во тешка состојба. Сите жртви се возрасни лица.
Властите не објавија за чиј погреб станува збор.