
МВР пред малку информира дека во Градската болница во Скопје, околу 13 часот биле донесени двајца повредени во вооружена пресметка во која учествувале уште две лица, а се случила во селото Љубош.
„Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возиола и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во официјалната верзија на инцидентот.