Вооружена престрелка во Филаделфија, ранети седум лица

Седум лица се ранети во престрелка во Филаделфија во американската сојузна држава Пенсилванија и се во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило доцна синоќа и дека меѓу ранетите има тројца тинејџери на возраст од 16, 18 и 19 години. На местото на инцидентот не е пронајдено оружје и засега нема уапсени, информираат од полицијата.