Двајца маскирани и вооружени мажи грабнаа и запалија автобус во проунионистички северноирски град, објави полицијата во понеделникот, а медиумите инцидентот го поврзуваат со гневот на унионистите поради трговските бариери воведени меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетото Кралство чијашто покраина е по истапувањето од Европската унија.
Полицијата вели дека инцидентот се случил во Њутаунардс околу 6,30 часот по локално време и дека возачот го напуштил автобусот неповреден. Двајцата мажи ги полиле возилото со бензин и го запалиле, додава полицијата.
Новинарката на дневниот весник Belfast Telegraph, Алисон Морис, наведува дека напаѓачите го спменувале протоколот во Сверна Ирска, усвоен договорот за брегзитот, кој воведе трговски бариери меѓу Северна Ирска и осатокот од Велика Британија.
Новинарот на BBC, Стевен Нолан, наведува повикувајќи се на пробритански лојалистички извор, дека грабнувањето се совпаѓа со рокот кој Демократската унионистички партија (DUP) го постави за менувањето на протоколот. Многу унионисти велат дека протоколот го поткопува мирот во Северна Ирска, одвојувајќи ја од остатокот на Обединетото Кралство.
Разговорите се во тек меѓу Брисел и Лондон за да се олеснат овие трговски бариери.
Незадоволството на унионистите предизвика во март и април најлошто насилство во Северна Ирска во последните неколку години, а тогаш, исто така, имаше грабнувања и опожарување автобуси.
Кревкиот мир меѓу католичките Ирци кои тежнеат кој припојување на Република Ирска и протестантските пробритански унионисти, е склучен во 1998 година со Договорот на Велики петок.