Ворија: Бејли го поддржува СДСМ – Заев прифаќа сложено име со географска одредница за вкупна употреба

ворија

“Ова ќе придонесе кон втората промена на моменталната ситуација, затоа што Зоран Заев ќе биде подготвен да прифати сложено име со географска одредница за Скопје. А ова ќе предизвика проблеми за Грција”, стои во текстот.
Во анализата се вели и дека оваа агенда за менување на власта во нашата земја досега беше имплементирана од американската амбасада во Скопје и актуелниот амбасадор Џес Бејли.

“Оваа перспектива се чини дека е имплементирана со интервенцијата на моќен елемент, а тоа е американската амбасада. Американскиот амбасадор ги охрабри партиите да ги продолжат преговорите за формирање на нова влада. Ова е индикација за препорака и до претседателот на Скопје мандатот овој пат да и го даде на Социјал-демократската партија иако, како што кажавме и претходно, вакво нешто не е видливо во Уставот на Скопје. Груевски секако дека бараше објаснување од американската амбасада, но ова се чини дека е непотребно, затоа што амбасадата не ги крие своите намери дека сака Зоран Заев да дојде на премиерската позиција. Сега се очекува да направат и понатамошен притисок врз албанските пратеници од другите партии, за да го поддржат Социјал-демократскиот сојуз и тоа најверојатно ќе се случи”, стои во текстот на “Ворија”.

Сепак, во анализата се чини дека се испушта еден многу важен факт, а тоа е промената на власта во Соединетите Американски Држави и доаѓањето на новата администрација на претседателот Доналд Трамп. Според многумина, ваквиот развој на настаните позитивно ќе се одрази врз вештачки и однадвор создадената политичка криза во Македонија, пред се од аспект на престанување со мешањето во внатрешните работи на нашата земја и притисоците за тоа партијата која што загуби на изборите да формира влада, прифаќајќи ги барањата на албанските партии.