Никола Димитров и Никос Христодулидис, го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.
Денеска, во Хелсинки, во рамки на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите- членки на Европската Унија и земјите- кандидати за членство во ЕУ, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Кипар, Никос Христодулидис, го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.
Со воспоставувањето на дипломатските односи, се отвораат можностите за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа и продлабочување на економската, културната и сите други видови соработка меѓу двете земји.
МНР Димитров: „Со овој чин, го официјализираме пријателството со уште еден сојузник во семејството европски држави, со кој активно ќе соработуваме на исполнување на европската агенда. Денес означуваме ново поглавје во билатералните односи и отвораме врата за плодна соработка, пријателство и просперитет.”