Воз излета од шини во Хрватска

Патнички воз излетал од шините на пругата меѓу населените места Лабин Далматински и Каштел Стари во Хрватска.

Нема повредени патници во несреќата. Лекарска помош му била укажана само на машиновозачот и на неговиот помотник.

Локомотивата на возот најверојатно излетала од шините поради одрон од карпа на пругата.

Местото на кое се случила несреќта се наоѓа на тешко достапен терен за моторни возила, па патниците по неколкучасовно чекање со друг воз го продолжиле патот кон Сплит.