Повеќе од 19 лица се повредени во железничка несреќа во Индија.
Инцидентот се случил во областа Рајдаг, 110 километри јужно од Мумбај, во близина на станицата Роха, кога возот излетал од шините.
Возот сообраќал од Дива, преградие на Мумбај кон Савантвади, во близина на летувалиштето Гоа.
Претставник на полицијата изјави дека спасувачите морале да ги сечат превртените вагони за да дојдат до патниците, кои биле заробени во нив.