
На дел од пругата помеѓу железничко стојалиште село Теово и железничко стојалиште село Согле, патнички воз кој сообраќал на релација од Скопје кон Битола, управуван од машиновозачот Ц.Т. наишол и удрил во одрон од камења и земја кои биле на пругата.
Од ударот направена е материјална штета на моторната гарнитура и таа е излезена од пругите. Повредени патници и возен персонал за среќа нема, соопшти МВР.
Железничката несреќа се случила синоќа во 22 часот.