Воз налетал на маж кој лежел на пругата

Во неделата околу 14 часот во СВР Битола било пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на потегот меѓу стојалиштата „Браилово“ и  „Слепче“, удрил во едно лице кое лежело на пругата.

Лицето починало на местото на несреќата, а по извршениот увид било констатирано дека станува збор за М.Д. на 44 години од Албанија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција