Градежни работници смртно го повредиле градоначалникот на општината Сиње во јужниот департман Вар, Жан-Матје Мишел, кој починал во понеделникот попладне, откако бил удрен од комбе на приватен имот, откако биле замолени да подигнат непрописно фрлен градежен отпад, пренесува во вторникот радиотот France Bleu.
Несреќата се случила во понеделникот кога 76-годишниот градоначалник патувајќи со соработник забележал двајца мажи незаконски растоваат градежен материјал од нивното возило крај еден пат. Тој сопрел и ги замоли да го соберат градежниот шут. Работниците го исполниле неговото барање, влегле во возило по што удриле во градоначалникот.
Виновниците за несреќата се приведени. Истрагата сега се обидува да утврди дали инцидентот бил случаен или возачот намерно го прегазил градоначалникот.
Жан-Матје Мишел бил градоначалник од 1983 година. Во негова чест во вторникот знамињата на 153 општини и градови ширум во Франција се спуштени на половина копје.
„Немам зборови да ги искажам своите чувства. Жан-Матје Мишел почина извршивајќи го својто мандат поради љубов којн својата општина и јавната служба, поради љубов кон Републиката“, коментираше градоначалникот на Тулон, главен град на департманот, Убер Фалко.