Возач на „Скај“ исфрлен од Тур де Франс откако удрил друг велосипедист

Италијанскиот велосипедист и член на тимот „Тим Скај“, Џани Москон е суспендиран од овогодинешниот Тур де Франс, поради инцидент на 15-тата етапа.

Москон, кој има 24 години, го удрил противникот од тимот „Фортунео Самсик“ и автоматски беше исфрлен од натпреварот, објави еден од официјалните претставници на трката за агенцијата Ројтерс.

Италијанецот и претходно имаше проблеми со дисциплината, откако минатата година беше истеран од тимот поради расистички навреди на сметка на ривалите од Франција.

И другите возачи на „Скај” се соочија со критики на овогодинешната турнеја бидејќи беа исвиркувани и навредувани од гледачите, а актуелниот шампион, Крис Фрум дури доби и удар во рамото од еден гледач.