Возач на четирицикл тешко повреден

На 19.07.2022 во 23.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пaт Гостивар-с.Градец, кај с.Добридол, З.И.(43) од с.Калиште, кој управувал четирицикл, со гостиварски регистарски ознаки, паднал од четирициклот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.