Возачите на ЈСП најавуваат протест доколку не им се исплати јулската плата

Продолжува поблемот со редовна исплата на платите за вработените во ЈСП. Синдикатите утре ќе побараат средба со градоначалничката Данела Арсовска и ќе побара исплата на јулската плата. Ако тоа не се случи во утрешниот ден, веќе в петок  вработените повторно ќе излезат на протест, изјави за МИА Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати во ЈСП.

Тој кажа дека сите работни задачи ги извршуваат согласно закон и акти на претпријатието и вели дека повеќе не се издржува нередовната исплата на плати.

-Во фирмата останавме само 1.100 вработени, многу ја напуштија поради нередовните и ниски плати, така што ќе мораме да го направиме ова што претходно го кажав. Тоа е единствениот начин да се избориме за своите права од работен однос и редовен личен доход. Два дена се влечеме во Град Скопје да ни објаснат зошто нема плата, изјави Стојановски. Тој информира дека со буџетот 2023 било договорено дека ќе има доволно средства за плати, субвенции и други дотации, но, како што вели, останале излажани.