Возачот кој ја прегази Викторија од Радовиш кај „Сити мол“ призна вина

Возачот кој во јануари оваа година ја прегази 24-годишната Викторија од Радовиш, Јордан Ѓорѓиев на денешното рочиште призна вина за сообраќајната несреќа кај „Сити Мол“.

Тој пред судијката Љубинка Бошевска признав вина, велејќи дека многу се кае за стореното дело.

Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина.