Намалена видливост на патиштата поради магла до 100 метри има кај Стража, а до 150 метри кај Прилеп, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извептај за состојбата на патиштата.
Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.