![frosina-sudenje-640x380](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/frosina-sudenje-640x380.jpg?resize=640%2C380&ssl=1)
На затворска казна од 6,5 години е осуден 26 годишниот Љубиша Видојковиќ кој минатата година ја прегази Фросина Цековска од Крива Паланка на булеварот „Партизански Одреди“.
Кај возачот беше утврдено присуство на 1,23 промили алкохол во крвта, а според наодите од вештачењето тој возел со брзина од 85 километри час.
Љубиша е осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Дополнително Судот му изрече забрана на Видојковиќ да управува со моторно возило една година.