Дваесет и седумгодишниот возач на такси кој во центарот на руската престолнина Москва се заби во саботата во пешаци поведувајќи притоа седум лица, заспал на воланот откако минал 20 часа непрекинато возење, покажуваат видео снимки.
Во видео материјалот кој го емитуваа властите, младиот маж кој е по потекло од Киргистан вели дека ногата случајно му останала на папучата за гас, како и дека жали поради инцидентот.
Ниедно од лицата повредени при неговото влетување во пешаците во центарот на Москва во саботата навечер во близина на Црвениот плоштад не е во животна опасност.
Руската престолнина, којашто и онака има неколку милионски прилив на намерници, овие денови е уште попосетена поради Светското фудбалско првенство коешто ќе трае до средината на јули.
Видео снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат жолто такси возило како прво налетува на две други возила пред да се качи на тротоарот и да удри во пешаците.