![barcelona-abouyaaqoub-atentado-furgoneta-ramblas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/barcelona-abouyaaqoub-atentado-furgoneta-ramblas.jpg?resize=696%2C380&ssl=1)
Возачот на комбето осомничен за терористичкиот напад во Барселона дефинитивно е идентификуван, објави каталонската полиција во понеделникот на Twitter без да го наведе неговот име, а потрагата по него е проширена и на други европски земји.
Претходно каталонскиот министер за внатрешни работи Жоакин Форн потврди за каталонското јавно радио дека комбето го возел 22-годишниот Јунес Абујаакуб роден во Мароко. Тој е последниот бегалец од 12-члената терористичка мрежа за којашто се верува дека ги изведе нападите во Барселона и во Камбрилс минатиот четврок во кој беа убиени 14 луѓе и уште 126 беа повредени.
Земјќи ја предвид можноста дека Абујаакуб можеби побегнал во странство, Форн изјави дека по осомничениот се трага во сите европски земји. „По тоа лица повеќе не се трага само во Каталонија, туку и во сите европски земји“, истакна.
Шпанските и покраинските власти во неделата не можеа да ја исклучат можноста дека осомничениот пребегнал во соседна Франција.
Во нападот со фургон во центарот на Барселона на шеталиштето Ла Рамбла беа убиени 13 лица, а повеќе од стотина беа повредени, додека во стотина километри оддалеченото туристичко гратче Камбрилс во нападот со автомобил „ауди А3“ беа повредени седум лица, а еден од петте убиени напаѓачи пред да биде застрелан од полицијатан закла жена.