Возел повеќе патници отколку што е дозволено во комбето

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Ц. (33) од с.Теново,тетовско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“.

Во текот на декември 2020, Ж.Ц. вршел јавен превоз на патници со комбе, во негова сопственост со кое превезувал патници и при извршената контрола од страна на полициски службеници од СВР Тетово, било констатирано дека пријавениот имал капацитет за девет седишта, а биле затекнати 12 патници.