Возел со неисправни сопирачки, па нападнал полицаец

Стружанец бил приведен откако се заканувал на полицаец, кој го фатил како вози автомобил со неисправни сопирачки.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 13.10 часот на улицата Партизанска во Струга.
Тогаш полициски службеник забележал пешак со детска количка, а кој не бил безбедно пропуштен на пешачки премин од страна на автомобил „опел астра“ , што го управувал А.В. (41) од Струга.

Полицаецот го запрел возилото и по извршениот технички преглед била констатирана техничка неисправност на уредот за сопирање.

На А.В. му бил издаден прекршочен платен налог, по што тој почнал да го навредува полицаецот, за да продложи агресивно да се однесува и да му се заканува дека ќе го убие.Тогаш полицијата го привела А.В., против кого ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно расчистување на случајот.