
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот вчера спровела засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 67 возачи.
МВР соопшти дека 28 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената.
Засилените сообраќајни контроли ќе продолжуваат и во наредните денови.