Возете велосипед, штедете енергија-германскиот министер за економија ги шокираше граѓаните

epa09746735 Germany's Vice-Chancellor, Federal Minister for Economic Affairs and Climate Action, Robert Habeck attends a press conference after his meeting with Polish Deputy Prime Minister Sasin, in Warsaw, Poland, 11 February 2022. EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI POLAND OUT

„Германците треба да почнат да штедат енергија за да станат понезависни од руските фосилни горива“, рече министерот за економија Роберт Хабек, додека најголемата европска економија се обидува да најде начини да го намали увозот на гас и нафта од Русија, како одговор на војната во Украина.
Хабек рече дека Германија би можела да стане помалку зависна доколку граѓаните ја намалат потрошувачката на енергија, сугерирајќи им да користат воз или велосипед наместо автомобил секогаш кога е можно, пренесува Ројтерс.
– Секој километар невозење придонесува за полесно бегство од руските енергетски залихи. Со тоа ја заштитуваме и климата – изјави Хабек во интервју за групата FunkeMedia.
Тој изјави дека е можно да се намали индивидуалната потрошувачка на енергија за 10%, додавајќи дека работодавците би можеле да придонесат со тоа што на работниците ќе им понудат можност да работат од дома секаде каде што е можно.
„Секаде каде што е можно, би можеле повторно да работиме од дома еден или два дена во неделата, првично на доброволна основа“, рече Хабек.
Поради рускиот напад врз Украина, Германија е под притисок да престане да купува руски гас и нафта, бидејќи критичарите велат дека овие приходи и обезбедуваат на Москва витални средства за водење војна, додава Ројтерс.