Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Според информацијата од Геинг инженеринг, теренските активности (геотехнички истражни работи) кои се изведуваа на патниот правец А-1, делница Неготино – Демир Капија се завршени.
Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.
Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.