Возете внимателно! Низ цела Македонија сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.