На магистралниот пат Охрид-Кичево, вчера околу 16,30 часот, кај селото Издеглавје, автомобил марка „фиат“ со гостиварски регистерски таблици управувано од Р.А. (58) од Гостивар, излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Општата болница во Охрид и истиот бил во животна опасност.
На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Охрид.
Се работи на целосно расчистување на случајот.