Возило на Брза помош се расипало, човечки живот на конец

Секојдневните скандали во здравството се причина за се поголема грижа и сомневање во македонскиот здравствен систем од страна на пациентите. Според она што изминатиот период се случуваше владата на СДСМ и министерот Венко Филипче  покажа дека воопшто не водат грижа за реалните проблеми и потреби на пациентите.

После скандалите, криминалните тендери и афери кои секојдневно се случуваат, денеска живот на граѓанин беше ставен на конец, откако се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово. Според информациите и фотографиите кои ги пренесуваат дел од порталите сообраќајот се закочил поради неисправност на возилото на Брза помош.

Премиерот Зоран Заев во периодот пред локалните избори на митинг во Скопје најави дека „Мерцедесот“ кој го набави неговиот претходник поранешниот премиер и лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вредност од 600.000 евра ќе го продаде а со парите ќе набави амбулантни возила за клиниките во Македонија.

Вечерва ви најавувам ќе го вратиме тенкот, мерцедесот на Груевски од 600 илјади евра и со парите од неговата сегашна вредност ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија, изјави Зоран Заев во октомври.

Имено и од владата на СДСМ информираа дека Мерцедесот кој беше во сопственост на Министерството за внатрешни работи, со одука на владина седница се даде на трајно користење без надоместок на Службата за општи и заеднички работи – СОЗР.

Владата ја усвои одлуката со која автомобилот Мерцедес кој беше во сопственост на МВР, му се дава на трајно користење без надомест на Владата на Република Македонија – Служба за општи и заеднички работи, со што се создава можноста ова возило да биде отуѓено и средства добиени од тоа да бидат наменети за набавка на болничка опрема, се вели во соопштението од прес службата на Владата на Република Македонија пратено на 20 декември 2017 година.

Но, и покрај дадените ветувања од страна на владата на СДСМ и Зоран Заев, владиниот мерцедес се уште не е продаден, а болничката опрема не е набавена.

Минатиот период владата на СДСМ се соочи со низа скандали во македонското здравство. Тендерот на фирма – човек од 35 милиони евра, тендерот од 3 милиони евра доделен од Ирина Пановска Ставрдис, директорка на клиниката за хематологија на веледрогеријата „д-р Пановски“ која е во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски, инсулинот со поминат рок и многу други скандали и афери.