Директорот на Општата болница Велес, Димитар Стровјаноски, на својот фејсбук профил сподели информација за инцидент во кој возило на Брзата помош, кое носело дете со изгореници, удрило во дива свиња на автопат.
Во оваа незгода немало жртви, а со лесни повреди се здобила медицинската сестра која се грижела за повреденото дете.
Вечерва екипата на Велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имаше сообраќајна незгода, удирајќи дива свиња на автопат…По дваесетина минути пристигнав на местото, каде што возилото не беше во возна состојба.За среќа без жртви, но со лесни повреди кај сестрата која беше во придружба на пациентот, па заедно беа пренесени во Ургентниот центар.По увидот од страна на полициските службеници, возилото веќе се транспортира со шлеп-служба на сервис во Скопје, напиша Стровјаноски.
7
|
8
|