Возило на МВР учествувало во сообраќајка кај Сарај, тројца повредени

Три лица се повредени утрово во тешка сообраќајка во близина на мостот кај Сарај.

Според полициски информации, во 10.10 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Ѓорче Петров со улицата Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б. (52) од скопското село Љубин и возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од Љ.С. (51) од Охрид.

-Двајца возачи и сопатничката С.С. (46) се здобиле со повреди и се пренесени на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.