Уште едно македонско возило оштетено во Грција. Оваа сезона ова е 11-ти по ред случај кога граничната полиција евидентира оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Република Грција.
Како што информираат од МВР, вчера на граничниот премин „Богородица“, штипјанецот К.М. пријавил дека минатата недела, на 06.09.2015 во туристичкото место Калитеа, му било oштетено возилото.
Оштетен е задниот браник така што налепницата МК била одлепена и на 5-6 места со остар предмет му е пробушено возилото – марка „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки.
Штипјанецот случајот не го пријавил во грчката полиција.
Инаку ова е единаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција.
Покрај тоа, летово се регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.