Во саботата во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.40 часот на бензинска пумпа во село Марино, општина Илинден, настанал пожар во патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 59-годишниот Љ.В. од населбата Илинден.
Имено, според пријавеното, додека вработениот 20-годишниот М.К. од скопското село Јурумлери, точел плин во возилото, настанал пожар при што тој се здобил со повреди.
Од пожарот било оштетено и возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н. на 68 години од село Бујковци, скопско.
Пожарот бил изгаснат од вработените, а увид извршила екипа од СВР Скопје