Во петокот, 19-ти јануари, во 19.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на патот Гевгелија – Богданци, на мостот на реката Вардар, се случи сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила, а во која животот го загуби едно лице, а повредени се повеќе други.
Во карамболот биле вклучени „мерцедес“ со регистарски таблички од друго возило, управувано од 48-годишниот Б.М. од Македонска Каменица, во кое превезувал и криумчарел седум лица мигранти од Сирија, патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 63-годишниот Б.Ј. од гевгелиското село Богородица, автомобил „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.Т. од Гевгелија и „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ќ., на 37 години од село Стојаково.
Во несреќата, од здобиените повреди починал Б.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.М. и 63-годишната Е.Ј. сопатничка во возилото „опел корса“, додека со телесни повреди се здобиле мигрантите, констатирани во болницата во Гевгелија.
Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.