Возач влетал во масата на празнична парада во градот Ваукеша, во американската сојузна држава Висконсин, притоа повредувајќи повеќе од дваесеттина луѓе а веројатно има и жртви, и притоа се слушнале и истрели, пренесуваат локалните медиуми.
Како што пренесува порталот Milwaukee Journal Sentinel, „автомобил влета во божикната парада во Ваукеша во неделата вечерта, а многумина се повредени“. Повикувајќи се на очевидци, во прилогот се наведува дека парадата била при крајот кога теренското возило со полна брзина влетал меѓу учесниците на крајот од поворката.
„Додека минувавме низ градот видовме како теренец минува, го стисна гасот и со полна брзина се залета во парадата. Потоа слушнавме силен тресок и заглушувачки врисоци на луѓе кои беа удрени од возилото“, го цитира порталот Анџелито Тенорио, еден од очевидците.
Полицискиот началник Ден Томпсон изјави дека најмалку 20 лица се повредени, но не прецизирал дали има жртви, пренесува CBS News. Додал дека полицијата го обезбедила возилото кое учествивало во инцидентот, како и дека е приведено „лице од интерес на истрагата“, иако претходно локалните медиуми објавија дека возачот веријатно побегнал од местото на настанот. Телевизијата од свои извори дознава дека најмалку едно лице загинало, но не е познато дали станува збор за случај поврзан со истрелите по налетот во толпата.
Настанот беше пренесува во живо на Facebook, а снимките покажуваат како црвен џип со голема бризна се движи по улицата затворена поради парадата и ги прогонува учесниците во поворката. На друга снимка од местото на настанот се наведува дека црвен теренец минува низ раскрсницата и низ дрвените бариери, како и дека се слушаат истрели од страна на полицијата. Самиот момент на инцидентот не е забележан на видео снимката.
Телевизиската мрежа CBS News пренесе дека сѐ уште нема официјални информации за настраданите или евентуални жртви.
Агенцијата Reuters не можела да дојде до потврда за инцидентот во Ваукеша, која се наоѓа на 32 километри од градот Милвоки, но тамошната полиција потврдила дека е излезена на местото на настанот, дека ги евакуирала учесниците во парадата но без повеќе поединости.
Агенцијата Associated Press, пак, повикувајќи се на претставнци на локалните власти и градоначалникот Шон Рајли наведува дека има, но сѐ уште не е јасно колкумина, повредени учесници.
Анџелито Тенорио за Associated Press подоцна изјавил дека видел околу десет лица, деца и возрасни, како лежат на коловозот, веројатно удрени од возлилото.
Инцидентот се случил околу 17 часот по локално време, односно по 24 часот по македонско време.