Возило влетало во маркет, повредени седум лица

Како што информира МВР во дневниот Билтен, настанот се случил вчера изутрина во 07:40 часот кога Ќ.О. (42) од Скопје управувајќи возило „Опел Астра“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29) од Скопје.

– По ударот во пешакот, возачот продолжил со движење на возилото и со предниот дел удрил во влезната врата од маркет, по што продолжил да се движи во просторијата на маркетот и удрил во една од касите за наплата, во метални рафтови и во колички за пазарење, при што дошло до разнесување на предмети и стакло и дел од истите удриле во некои од вработените. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување, наведуваат од МВР.

По незгодата лекарска помош побарале и вработените од маркетот Ш.Ф. (25) А.С. (20), А.М. (22), С.О. (19), Ш.Х. (25) и С.Ј. (19) кои со возило на итна помош биле пренесени во ГОБ„8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Екипа од СВР-Скопје извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.