Најмалку 84 лица загинаа, а околу 50 други се ранети доцна синоќа во францускиот град Ница, кога камион удри во толпата луѓе кои го следеа огнометот во чест на националниот празник на Франција 14 јули.
Според локалните медиуми, како што пренесува „Раша Тудеј“ околу 54 деца се хоспитализирани по нападот.
Обвинителството од Ница соопшти дека откако камионот влегол меѓу толпата луѓе на крајбрежното шеталиште Променад дез Англе, низ неа возел околу два километри и при што возачот пукал од пиштол, се додека возачот не бил неутрализиран од полицијата. На самиот брег во тој момент биле собрани околу 100.000 лица, кои го проследиле огнометот.
На интернет се појавија вознемирувачки видеа од моментот на нападот во Ница, погледнете што се случувало: