ВОЗНЕМИРУВАЧКИ – ВИДЕО и ФОТО| Злосторства против човештвото во Донбас низ објективот на француска новинарка

Француската новинарка Ан-Лор Бонел од 2014 година престојува во источниот украински реагион Донбас, каде мнозинското е руско и рускојазично население, кое се одметна откако на власт во Киев со поддршка на Западот дојдоа новите власти. Новинарката Бонел ги бележи страдањата на цивилното население, осврнувајќи се посебно на 13-те илјади жртви на украинските параполициски и паравоени единици во регионот, до почнувањето на руската воена операција во февруари, годинава.

Неодамна францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски нема вина во долгогодишниот конфликт во Донбас, како што обвинува Москва за воени злосторства и масовно кршење на човековите права и злосторствата против човечноста, но веднаш му одговори Бонел. Посетувајќи го повторно Донбас таа ги објави своите видувања, кокретно за гранатирање на училиште и загинувањето на две жени кои работеле во него, повикувајќи го Западот „да се соочи со вистината“. Иако, во минатото известуваше за влијателните француски медиуми, нејзината објава не беше објавена и беше повлечена од социјалните мрежи, но сепак нејзини коментари сѐ уште можат да се најдат на интернет.

Во серијата на нејзини неодобрени твитови, од кое еден беше избришан затоа што наводно ги прекршил правилата на платформата, објавен од споменатата независна новинарка, прикажуваат тела како лежат на улиците на Доњецк, седиштето на проруската самопрогласена Народна република. Овој пограничен регион кон Русија е претворен во крваво боиште уште од 2014-та година. Војуваат проруските сепаратисти и властите во Киев, а наводното воено решение на укранските власти на конфликтот во оваа областа беше изговорот на Москва за преземање на „специјалната воена операција“ со цел да се „заштитат животите“ на населението во Донбас.

Сепак Лорел успеа да се појави на почетокот од месецов во емисија на CNews, кога енергично го осуди конфликтот кој „траев веќе осум години“.

„Тоа е многу сериозно, што очигледно е невидливо (за Европејците): населението на Донбас кое зборува руски јазик, беше цел на сопствената влада, беше бомбардирано од владата на Киев (…). Денеска, на страната каде што сум јас (отцепената ДНР), злосторствата се од украинската страна (…) Украинската армија се наоѓа во близина на линијата на фронтот (…) Филмот што го направив во 2015-та е доказ за овие злосторства против човештвото“, рече Бонел.

На прашањето на водителот Паскал Прод дали Донбас „изминатите години беше бомбардиран од украинските сили“, новинарката вели „13.000 смртни исходи од 2014 година“, и презентираше фотограафии од мртви тела, кои според неа се резултат од украинските бомбардирања само во текот на последните неколку денови.

Станува збор за 40-годишна жена која себеси се опишува како „вистинска – репортер – фоторепотер без филтер, без фотошоп, без сечење“. Во нејзината биографија е наведено дека предавала на Париската школа за новинарство при Универзитетот Париз-1 и на Националниот институт за аудиовизуелни медиуми (INA).

Минатата 2021 година таа сними филм под наслов „Тишината во Нагорно Карабах“ за борбите меѓу Ерменија и Азербејџан . Претходната 2020-та, откако дошла во Донбас изјави дека е „крајно разочарана од професијата“ и одбива да ја нарекуваат новинарка.

Бонел го привлече вниманието уште во 2016 година со нејзиниот документарен филм „Донбас“, кој го прикажува секојдневнието на „населението што зборува руски“ од оваа енклава во источна Украина, но кој е лишен од коментари или потсетувања на факти. Своите впечатоци отсликани во филмот се направени во текот на три петнесетдневни престојувања во 2015-та во Доњецк и Луганск, двата „главни града“ на самопрогласените „народни републики“ коишто како независни ги призна рускиот претседател Владимир Путин на 21-ви февраури годинава, три дена пред руската офанзива во Украина.

Таа ги снима жителите како се кријат во визбите, ранетите во болнциите, пристигнувањата на руските хуманитарни конвои, импровизираните гробишта…, но не успеала да мине од другата страна на „линијата на раздвојувањето“.

„Првично сакава да снимам од двете страни (на фронтот), но не можев. Во 2014-та побарав од властите во Киев дозвола да заминам во Донбас, но тие за новинарите го блокираат пристапот до зоната на бунтовниците“, одговара Бенел на критиките од нејзините француски колеги за пристрасност и додава дека потоа дознала дека е непожелно лице за Украина поради тоа што известувала и од позициите на спротиставената страна.

Но, колку Бонел и да ја критикуваат поради наводната нејзина пристрасност и терминот која таа го употребува „злосторство против човечноста“ опишуваќи ги 13-те илјади загинувања, Меѓународниот кривичен суд (ICC) во Хаг дури сега отвори истрага со цел дали некои делови во конфликтот во Украина од 2014 година можат да бидат квалификувани како такви. Во извештајот од 2020-та се споменуваат рани видови злосторства како мачења, погубувања по куса постапка, но ICC ги припишува и на украинската и на проруската страна, а кога станува збор за убиствата на цивилите во извештајот се инсистира само на „повторно употреба на тешко вооружување од двете страни“ без потврдување, прецизирање и конкретизирање на случаи кои ги наведува Бенел во своите извештаи, како на пример отсекување глава на бремена жена…