Вознемирувачко фото: Девојче крвнички претепано во градинка

Лејси Харис доживеала вистински шок откако ја повикале од градинката во која оди нејзината 5-годишна ќерка Авалин, со образложение дека девојчето паднало и се повредило.

Но, кога Лејси пристигнала во градинката, таа наишла на сцена како од хорор филм.

Нејзината ќеркичка била целата модра во лицето, а поради сериозните повреди едното око и било екстремно отечено и сосема затворено.

Иако официјалниот извештај од градинката е дека Авалин паднала самата, мајката тврди дека нејзината ќеркичка била претепана од соученичка.

1povredaav

Вработените од градинката велат дека не биле присутни кога Авалин се повредила и не знаат како се случило тоа, но тврдат дека таа самата се повредила.

Тие ја игнорирале Авалин која на мајка си и раскажала дека друго девојче од градинката постојано ја удирало по лицето, додека таа не паднала од лизгалката.

2povredaav