
Напаѓачот отишол до дома, земал Калашњиков, а потоа почнал да пука по луѓето. Како што откриваат грозоморните детали од местото на настанот, Синиша бил толку прецизен што со секој куршум погодил некого, а не во инвентарот на кафулето, пишува српски „Курир“.
Четири повредени лица се наоѓаат во тешка состојба и лекарите се борат за нивниот живот. Сите 14 лица што се повредени во масакрот се мошне млади, воглавно родени помеѓу 1994. и 1998. година.
На лице место починала Дијана Златиќ (30), на патот кон болницата нејзината другарка Јована Поповиќ (20) а во болница Стева Јоијиќ (40), Владимир Косовиќ (34) и Владимир Мијатовиќ (40).
Според првичните информации Синиша Златиќ (30) во кафулето ја здогледал поранешната сопруга, со која што не живеел заедно цели 9 месеци. По ова отишол до дома, земал Калашњиков, а потоа почнал да пука по луѓето. Како што откриваат грозоморните детали од местото на настанот, Синиша бил толку прецизен што со секој куршум погодил некого, а не во инвентарот на кафулето.
Тој како што пишуваат медиумите, променил два шаржери, односно испукал 50 куршуми во гостите.