Смртносна ерупција на вулканот во Суматра.
Најмалку четиринаесет лица загинале, а три се повредени, кога вулканот во Индонезија исфрлил нови облаци на гас, само еден ден откако жителите кои побегнале поради претходната ерупција, се вратиле во домовите мислејќи дека таму сега е безбедно.
Вулканот Синабунг, на кој претходните неколку месеци се забележани помали ерупции, исфрлал жешка пепел во воздухот која ги прекрила околните села.
Од Службата за вонредни состојби соопштија дека меѓу загинатите има и деца, кои биле на екскурзија, пренесе Би-Би-Си.
Вулканот Синабунг се активираше во септември, поради што над 30.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови.